Планинарка од Скопје паднала од карпа при искачување на Кораб

Вести

На планината Кораб, додека се искачувала, се лизнала и паднала од карпа, 32-годишна планинарка. Учесниците во планинарењето веднаш повикале медицинска помош, и повредената планинарка е пренесена во болница.

Како што информираат од МВР, вчера во 16.05 часот во Полициското одделение Маврово, било пријавено дека при искачување на врвот Махија Маде на планината Кораб, каде учествувале 14 планинари, М.П.(32) од Скопје се лизнала и паднала од карпа.

Со помош на другите планинари успеале да ја спуштат до селото Грекај, и со медицинско возило на Медицински центар Гостивар, била пренесена во Ургентниот центар во Гостивар каде од страна на лекар и биле констатирани повреди, соопштија од МВР.

Previous Post
Еверест слави 100 години од првата експедиција
Next Post
Планинарска федерација не смеела да го дава под кирија домот на Водно