Регионалниот центар за управување со кризи Тетово, полициска станица Стрезимир биле известени дека 60-годишен член на група од 18 планинари добил инфракт, додека се движеле по планинска патека на повисоките делови од Кораб, поточно местото на настанот е на локација на еден километар над ПС Стезимир.
Случајот го пријавил планинар кој дошл до Полицска станица Стрезимир, заради тоа што во таа таа област немало мобилно телефонско мрежно покривање.
Покрената е спасителна акција. Но, за жал и на терен во планината со спасителната група од полицајци и планинари, а потоа и по прегледот од страна на лекарската екипа од Брза помош е констатирано дека планинарот кој што добил инфаркт веќе бил починат.
Конкретно, од страна на полициска станица Караула Стрезимир било пратено возило со двајца полицајци до место каде што патот бил прооден за возило. Потоа, полицајците и планинари продолжиле нагоре пеш на лице место да се сретнат со групата коишто го извлекувале лицето со инфаркт, за да помогнат и надолу да го пренесат до теренското возило.
Во меѓувреме била информирана брзата помош од Гостивар што пратила едно возило, за да се добие во време и да се искористи проодноста на патот до каде може нивното возило да се движи.
Но, за жал и при првиот контакт на терен во планината со спасителната група од полицајци и планинари и по прегледот од страна лекарската екипа од брза помош, е констатирано дека планинарот веќе бил починат.
Но, за да сето тоа да биде и согласно процедурите за такви случаи, е потребно на место на настанот, покрај присутност и медицинска констатација на доктор од брза помош, да се чека да пристигне и јавен обвинител од Гостивар.