Појаснување на делумната забрана за движење во шумите

Вести

СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ВОДНО, ШАР ПЛАНИНА, ПЕЛИСТЕР, ГАЛИЧИЦА, МАВРОВО

Директорот на ЦУК Стојанче ангелов денес објави појаснување на Делумната забрана за движење во шумите и шумското земјиште на ЈП Национални шуми:

Оваа делумна забрана се однесува исклучиво на шумите со кои стопанисува ЈП Национални Шуми.

Било кои лица кои имаат желба да планинарат во подрачјата во кои движењето е ограничено можат да побарат писмено одобрение за движење во една од 30-те локални подружници на ЈП Национални шуми.

ДЕЛУМНАТА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ НЕ СЕ ОДНЕСУВА НА:

– Парк шумата Водно

– Националните паркови Маврово, Галичица, Пелистер и Шар Планина.

Previous Post
Од утре стапува на сила Делумна забрана за движење низ шуми
Next Post
Од денес делумна забрана за движење во парк-шумата „Водно“ и во паркот на природата „Гази Баба“