Во петокот минатата недела Соилко Соицев – Столе го искачи врвот Уххуру (5895m) на Килиманџаро како највисок врв на Африканскиот континент. Toa е неговиот трет врв (по Елбрус и Аконкагва) од предизвикот „7 врва“ на сите континенти, а по искачувањето порача „The dream continues“, што значи дека овој негов проект продолжува и со останатите четири.
Денес, видно разочаран од институциите и состојбата на планинарењето кај нас, тој на својот профил порача:
Горд и поносен сум дека овие 3 врва ги искачив како лице со хендикеп и без никаква финансиска подршка:
Од државни иституци – 0,00 ден.
Од приватни субјекти – 0,00 ден.
Од ФПСМ – 0,00 ден.
Од Агенција за млади и спорт – 0,00 ден.
Општина Центар – 0,00 ден.
Од мојот матичен планинарски клуб – 0,00 ден.
Само за Аконкагва скромна подршка од Прима Оптикс.
Некој пат да се запраша човек вреди ли да продолжи сам да се бори?