Проект „10 ПЛАНИНАРСКИ ВОДИЧИ ЖЕНИ“

Вести

Комисијата за планинарски водичи при ФПСМ (Федерација за планинарство на Северна Македонија), ги повикува сите заинтересирани планинарки од Општина Гостивар, да се пријават на Обука за планинарски водичи – жени во Категорија А1 (Планинарење по лесни патеки во летни услови)

Обуката е бесплатна за 10 учеснички, поради обезбедената финансиска поддршка од Општината Гостивар.

Обуката за планинарски водичи – жени ќе трае 6 дена, распоредени во 3 викенди во септември 2022 (02 – 04, 09 – 11 и 17 – 18.09.2022)

Подготовката за Обуката за планинарски водичи ќе започне во јули со Приемен испит и со Основна школа која ќе се одвива во попладневните и вечерните часови.

Кој може да се пријави на Обуката за планинарски водичи – жени?

Општи услови се за пријавување на Обуката:

Навршени 18 години;
Најмалку IV степен образование (завршено средно училиште);
Документирана планинарска активност;
Способност за самостојно движење.
Каде ќе се одвива Обуката за планинарски водичи – жени?

Во просториите на Youth and Community Center до Градскиот парк во Гостивар, и на планинските терени на Шар Планина.

Пријавување до 1 јули на: kpv@t.mk

Горан Николоски: 070200506

Александар Стојановски: 078225034

Previous Post
Планините во лоши временски услови , невреме и громови како да се заштитиме
Next Post
Резултати за Титов Врв скајрејс
Menu