Сашко Кедев го искачи и Broad Peak (8051 м.)

Вести

Познатиот македонски кардиолог Сашко Кедев вчера го искачи и Broad Peak, дванесетиот нависок планински врв во светот висок 8.051 метар. Името на Кедев е меѓу членовите на експедицијата кои тргнале во поход кон овој врв.

На 29 јули, планинарите се искачија на Broad Peak околу 13:30 часот по пакистанско време. Според информациите, тие се соочиле со обилен снег. Истиот ден сите членови безбедно се вратиле во кампот 3. Тие сега се спуштаат назад во базниот камп.

Покрај имињата на водичите – шерпаси и на Сашко Кедев се наведени и имињата на останати алипинисти – учесници: Џина Мари Рзучидло, Џил Витни и Наоки Ишихава.

Новото освојување се случува само кусо време откако на 22 јули Кедев се искачи и на врвот К2, висок 8.611 метри, втор највисок на светот по Монт Еверест (8.848).

Со ова, тогаш Сашко Кедев стана првиот и единствен Македонец, кој има искачено четири врва од 14-те тн. „осумилјадарки“ (над 8.000 метри). Во април годинава го освои Даулагири, седмиот највисок на светот (8.167), а лани Манаслу, висок 8.163 (осми во светот). Во 2009-та се качи на врвот на Монт Еверест.

Broad Peak е планина во Каракорам на границата на Пакистан и Кина, дванаесетта највисока планина во светот со 8.051 метар (26.414 стапки) надморска височина. За прв пат беше освоена во јуни 1957 година од Фриц Винтерстелер, Маркус Шмук, Курт Димбергер и Херман Бул од австриска експедиција.

Previous Post
K2 почнува да наликува на Еверест
Next Post
Денис Урубко го искачи К2 и го затвора рекордот