Светскиот ден на планината 2021

Вести

ФПСМ, Ве информира за традиционалниот настан ,,Светскиот ден на планината,, кој оваа година се планира да се одбележи на 05.12.2021 год. на Матка. За таа цел, имаме чест да Ве поканиме да бидете дел од овај настан, за да му дадеме поголемо значење на „Светскиот ден на планината“, во интерес да се одржи традиционалниот настан за подобар и поквалитетен живот за целата општествена заедница.

Програма:

Опција 1

Планинарска патека: 07.00 ч. Скопје – Водно – Матка

Опција 2

Планинарска патека: 09.30 ч. Матка / Манастир Св. Богородица – Св. Спас – Св. Недела – Св. Андреа

Официјален дел од програмата

13.00 – 15.00 ч. Планинарски дом Матка, доделување на признанија, окрепување …., добро расположение и дружење.

Напомена за учесниците на настанот:

  • Придржување кон Протоколите кои произлегуваат од Планот за спречување на ширење на коронавирусот (… како … влез во ресторанот со сертификат за вакцинација, потврда за прележан Ковид – 19 во последните 45 дена, носење на лична заштитна на лицето/маска, физичко растојание …)
  • Потребна опрема за еднодневно зимско планинарење и движење во природа,
  • Учесниците треба да се во добра здравствена и психофизичка кондиција,
  • Сите ученици на настанот треба да се членови или да се приклучат кон одреден планинарски клуб/друштво, организатор,
  • Задолжително пријавување и доставување на листи од друштвата/клубови со водич на групата (во прилог),
  • Организаторот во координација со Медицинската комисија, го задржува правото за промена на програмата, во зависност од здравствената состојба во државата и временските услови.
Previous Post
Вo февруари стартува бројот 112
Next Post
Ценовник Попова Шапка ски карти 2022 година