СКИ МАГАЗИНОТ SKIYU ПРЕТСТАВЕН ВО БЕЛГРАД

Вести

На 4 ноември 2022 година, во хотелот Мона Плаза во Белград беше претставен луксузниот регионален магазин за скијање – SkiYu, лансиран од Олимпискиот центар Јахорина во соработка со Колор Медиа Комуникации. Списанието претставува своевиден водич за планирање зимски одмор во ски центрите на земјите од поранешна Југославија.

Пред белградската публика се обрати и претседателот на компанијата Color Press Group, Роберт Чобан кој истакна:

„Списанието SkiYu е особено важен проект за нашата компанија поради неколку причини – никогаш не сме објавиле полуксузно списание во 30-те години од издавачката историја на нашата компанија. Исто така, тоа е регионален проект кој ги опфаќа пазарите на сите шест држави од поранешната заедничка држава, во кои сме присутни со нашите публикации со децении“.

Во оваа прилика, директорот на Олимпискиот центар Јахорина, Дејан Љевнаиќ истакна:

„Преку моето богато искуство во скијачкиот бизнис, сфатив дека скијачите се посебна група на луѓе, кои од секој аспект гледаат на самиот врв на општеството, а пред се на културен и образовен план. Уверен сум дека ќе уживате во сè што ве очекува во ова скијачко патување на 200 страници. Уникатниот луксузен магазин за скијање е веќе во продажба на киосците ширум Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Словенија, додека од 8 ноември очекуваме дистрибуција и продажба во Хрватска. Веќе добиваме одлични повратни информации за списанието, што многу ќе ни значи при подготовката на следниот број, кој веќе можеме да го најавиме за следната есен“.

Списанието може да се најде на киосците по цена: 9 ЕУР; 1100 динари; 18 км; 500 ДЕН; 70 куни

Previous Post
Депонијата под хотелот „Радика“ во Леуново е отстранета
Next Post
Младински планинарски камп на Попова Шапка