Скопје ќе добие нов простор за „бегство во природа“

Вести

Советот на општина Ѓорче Петров донесе одлука за кофинансирање на проектот “Мапирање на рекреативна велосипедска и пешачка патека со поставување вертикална сигнализација“ во село Кучково. Донесена е и одлука за кофинансирање на проектот ”Партерно уредување на просторот околу локалитетот КРСТ кај с.Кучково-Фаза 1 (Еко Училница)”. Овој проект се финансира со ГРАНТ неповратни средства обезбедени од МСИП2-проектот на Светска Банка при Министерство финансии и со општинско кофинансирање, информираа од општината.

Целта со уредувањето на локалитетот во Кучково е да стане место кое ќе може да се користи за едукативни и културни настани, но и за туристички цели.

На овој локалитет предвидено е да се уредат 5.456 квадратни, ќе има партерно уредување, ќе се изгради амфитеатар, платформи, ќе има монтажни тоалети, нови пешачки патеки и адаптација на постоечката, ќе се постават канделабри за осветлување, урбана опрема сосе велосипедски паркинзи.

  • Сакаме локалитетот „Крст“ во Кучково да биде ново урбано катче, каде не само ѓорчепетровци, туку и скопјани ќе се собираат, спортуваат, едуцираат, рекреираат. Од ова придобивка ќе имаат и жителите, бидејќи го развиваме Ѓорче со уште повеќе можности, вели градоначалникот Александар Стојкоски.

Претходиот месец целосно беше исчистена дивата депонија во овој дел од општината.

Кучково се наоѓа на петнаесетина километри од Скопје, на надморска височина од 700 метри, а тука ќе најдете убава природа, чист воздух и чешмички со приородна изворска вода.

Previous Post
Во Украина нема војна, туку спасувачка операција
Next Post
Глобална онлајн премиера на Reel Rock 16