Ставре Јада на припреми за Ново Место и Пекинг

Вести

Иако е лето за репрезентативците од зимските спортови нема пауза. Период кога мора да се набилда соодветната енергија и серија тренинзи да се биде место погоре. Во краток разговор со македонскиот репрезентативец, Ставре Јада ни изјави:

“Ова е олимписка сезона , односно припреми за зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година. Патувањето до таа олимпијада го започнав со првите подготовки надвор од Македонија и онаа на планинскиот центар Белмекен во Бугарија. Тој е еден од најпознатите центри според својата висина, односно се протега до 1990 м. надморска височина, моите први подготовки беа на 1650 надморска височина на Пониква пред 10 дена и сега продолжувам во бугарскиот Белмекен, местото каде што ќе вежба целиот руски тим во јули и август. Благодарен сум на скијачката федерација на Македонија, која ми ги овозможува овие подготовки. Ова се подготовки и за светскиот шампионат во биатлон, што ќе се одржи од 25-29 август во биатлонскиот центар Нове Место Чешка.”

Претходен написи
Од утре од 6 до 20 ч. забрането движење во шумите
Следен напис
Канцерогениот шестовалентен хром го загадува подножјето на Шара