ТАВ НАЈАВИ: РЕДОВНА АВИОЛИНИЈА СКОПЈЕ – МОСКВА

Вести

Се отвораат вратите за македонските туристички потенцијали, поголема шанса и полесен пристап на рускиот туристички пазар кон Македонија

Nordwind Airlines, една од најголемите руски авиокомпании, ќе почне летови од московскиот aеродром Шереметјево до Скопје.

Првиот лет на Nordwind од Москва кон Скопје е закажан за 21ви мај годинава, со време на поаѓање од меѓународниот аеродром Шереметјево во 14 часот и 45 минути и време на пристигнување во Скопје е 17 часот и 10 минути. Времетраењето на летот, 3 часа и 25 минути.

„Во ТАВ Македонија сме многу среќни што Нордвинд одлучи да почне со летови на релација Москва-Скопје, отворајќи ја првата воздушна врска помеѓу Северна Македонија и Русија, по 20 години пауза на воздушната врска меѓу двете земји. Силно веруваме дека оваа досега неопслужена авиолинија има голем потенцијал и дека ќе биде од голема корист за бизнис-патниците и за оние кои патуваат од туристички причини”, изјави Генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак.

Нордвинд е една од најголемите авиокомпании во Русија според прометот на патници и ја има една од најразвиените мрежи на авиолинии во земјата. Со флексибилни авионски билети, лесен распоред на летови и бонуси во програмите за лојалност, летовите со Нордвинд ќе бидат успешен почеток за патувања на бизнис-патниците, како и оние кои сакаат да уживаат во одмор и патувања на нови дестинации.

Повеќе информации за цените, времето на поаѓање, достапноста на местата на летовите, како и резервација и продажба на авиобилетите на веб-страницата на https://nordwindairlines.ru

Previous Post
Маврово една од главните туристички дестинации во општински и урбанистички хаос
Next Post
Алекс Хонолд ги разбива митовите на филмски сцени со качување