Трагедија на Матка

Вести

Едно од нашите најголемите природни богатства Матка очигледно систематски се уништува. Ова се ужасните слики од тоа како изгледа Матка деновиве. Коментарот на Весна Кираџиева е во продолжение:

Браната на Матка е испуштена далеку под дозволеното ниво подолг период. Сликите и видеото се од утринава, ми ги пратија клубските другари од НК Врело. Нашата колиба која ја гледате на сликата е во близина на влезот на пештерата Врело, многу подолу од она кое вообичаено повеќето туристи го гледаат околу Св. Андреја (ви имам претходно постирано слики и видеа). Дотука се стигнува со чамец, ама како што гледате, вода има до глуждови. Импровизираните скали исто така, во нормални услови се скоро целосно под вода. На една од сликите (и на видео кое ќе го пуштам во следниот пост) се гледа влезот на подводната пештера Врело. Во нормални услови, влезот е 5-6 метри под вода и овој отвор не е видлив од површина на вода, односно го знаеме ние што сме нуркале тука, но за некој кој со чамец плови, нема да го види, бидејќи е длабоко под вода. Еве, сега го гледате. Само да истакнам дека нивната НЕСПОСОБНОСТ која нè доведе до енергетска криза го загрозува и екосистемот и мирот на бројни невини ендемски видови, не само сметките, буџетот на државата и долговите до гуша. Ако има пекол, за ова сите ќе одиме во пеколот. Ние го толерираме криминалното, неспособно злото кое нè доведе до тука, ние не превземаме ништо, сите ние вртиме поглед на другата страна, кога погледот не е убава глетка, за да не се замериме со некој, пошто некој може да ни се налути ако укориме, покажеме со прст или побараме ОДГОВОРНОСТ!

Претходен написи
Македонската скајранинг репрезентација дел од европското првенство
Следен напис
Украинските алпинисти го поставија историското искачување на Анапурна III