Укината е забраната за движење во шумите

Вести

Владата вчера донесе одлука со која се укинува забраната за движење во шумите и шумските предели. 

Во соопштението кое гоиспрати владината прес-служба по завршетокот на седницата, меѓу другото се вели дека, врз основа на препораките на Главниот штаб за управување со кризи, Владата донела одлука за укинување на забраната за движење во шуми и шумски предели, и ги задолжила Министерството за внатрешни работи и Шумската полиција при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да спроведуваат засилени контроли за заштита и спречување на пожари на отворено.

Одлуката за забрана за движење низ планините беше донесена на 5 август истовремено со прогласување на кризната состојба во траење од 30 дена, на територија на целата држава, откако од почетокот на месецот катастрофални пожари зафатија големи површини на шума и изгореа десетици илјади хектари под вегетација на повеќе различни локации, а најголеми штети претрпе висококвалитетна борова шума во малешевскиот крај.

Минатата недела, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, на прес конференција најави ублажување на забраната за движење, за одредени категории на лица како планинари и параглајдеристи бидејќи процениле декапланинарите се најголемите пријатели на планините и можат благовремено да ги известат надлежните за појава на шумски пожари уште додека тие не се проширени и да помогнат во гаснење на огнот додека е во почетна фаза, додека пак параглајдеристите исто така имаат можност од воздух да забележат евентуална појава на чад или огин.

Previous Post
Српските планинари ги освоија највисоките врвови во светот, од Алјаска до Хималаите
Next Post
Las Lenas Аргентина изобличен во неколку дена