Ултра-траил маратонци од светот трчаа 100км низ Охрид

Вести

Околу 300 учесници распоредени во четирите трки беа дел од „Охрид Ултра Траил“ настанот кој се одржа викендов во Охрид. Меѓу земјите од каде што доаѓаа учесниците се и Аргентина, Перу, Финска, Шведска, САД, Полска и уште дваесетина други земји.

Сезоната на овие натпреварувања започна пред месец дена со натпреватор „Водно Матка Треилс“. 

Стартот на најдолгата трка на 100 километри е на полноќ од центарот на Охрид (кај Чинарот), а учесниците трчаат до Свети Наум, па назад преку Галичица поминувајќи и на надморска височина од 2.250 метри покрај македонско-албанската гранциа.

Резултати овде

Previous Post
На ВОДНО 2.000 ПЛАНИНАРИ, ВЕЛОСИПЕДИСТИ СЕ НАТПРЕВАРУВАА ЗА „Прв до врв“
Next Post
Важна информација за Pipes и Black Diamond лавински примопредаватели