Француски градоначалник ќе бара од алпинистите 15.000 евра за спасување и погреб

Вести

Секој кој сака да се качува на највисокиот врв во Европа, Монт Блан, наскоро можеби ќе треба да плати депозит од 15.000 евра за потенцијално спасување и погреб. Ова го бара Жан-Марк Пеје, градоначалникот на малото гратче Сен Жерве Ле Бен.

Според Пеје, многу неквалификувани планинари го ризикуваат животот на планината, каде условите се уште потешки поради топлото време. Според градоначалникот, депозитот од 15.000 евра би ги покрил трошоците за спасување, кои се проценуваат на 10.000 евра, и погреб, кои се проценуваат на 5.000 евра.

– Не е прифатливо француските даночни обврзници да ги покриваат овие трошоци – изјавил Пеје.

Градоначалникот посочил дека дефинитивно не се охрабрува качувањето на Мон Блан по најпопуларниот пат, таканаречениот „кралски пат“, поради екстремно опасните услови на дел од патот. Качувањето на Мон Блан е поопасно од порано бидејќи има повеќе одрони поради сушниот и топол период.

Роберто Рота, градоначалникот на Курмаер, италијанскиот дел од планината, изјавил дека планот за депозит на Пеје е „надреален“ и дека планината не е во ничија сопственост.

Previous Post
Лесото го афирмира скијањето во Африка години наназад
Next Post
Ги почасти во ValThorens