Цвета бизнисот за производителите на лифтови

Вести

Бизнисот цвета за производителите на лифтови. Според економските аналитичари од САД, 2022 година за Leitner-Poma можеби ќе биде една од најпрометните и најуспешни сезони, а веројатно и за Doppelmayr.

Додека пандемијата ги забави нарачките минатата година, зголемената побарувачка за активности на отворено донесе наплив на нови нарачки за лифтови кај двата главни светски производители на лифтови: Leitner-Poma и Doppelmayr.

Само за следната година се очекува над 300 милиони долари инвестиции и проекти само за северно-американскиот континент.

Сепак, работата не оди глатко, а компаниите се занимаваат со различни прашања и проблеми, како што се зголемените трошоци на работењето, особено материјали како што е челикот како и недостигот на стручна работна сила.

Previous Post
Повторно пуштена во употреба гондолата на Водно
Next Post
Најбрзата гондола на свет ќе ја имаат Les Trois Vallées