Чешката сензација Ester Ledecka победи на првиот спуст по Олимпијадата

Вести

Ester Ledecka е првата жена кој на една зимска олимпијада има освоено златен медал во два различни спорта (сноуборд и алпско скијање). Чехињата со напад на патеката Mont Lachaux во монденскиот Crans Montana, Швајцарија, на совршени услови дојде до првото место пред норвежанката Ragnhild Mowinckel за 0.21 сeкунди, додека пак Cornelia Hütter заврши на трето место.

Трката доаѓа само 11 дена откако Ledecka заврши дури на 27ма на Олимпијадата во спуст. Ова е трета победа во кариерата во Алпско скијање за Ledecka која вообичаено има добри настапи во швајцарскиот ски центар (три подиуми во кариерата таму). Девојката која се прослави со двоен златен медал на Олимписките игри во скијање и во сноуборд.

Од друга страна главните фаворитки олимписката шампионка Corinne Suter од како и Sofia Goggia завршија послабо од 10то место. Уште еден фаворит и шампион од Олимпијадата во super-G Lara Gut-Behrami, не успеа да ја заврши трката.

Ester Ledecka заокружи историски победи на Олимпијадата годинава со победи на паралелен веле слалом во сноуборд и во super-G во Алпско скијање. Иако можеби очекувано освои златен медал во паралелен слалом на сноуборд, сепак шокираше со златото во Алпско скијање со што беше една од главните приказни на Олимпијадата во Кина.

 

 

Previous Post
Загреб и Сљеме добија најмодерна гондола
Next Post
Словенија – како работат ски ресортите во време на пандемија