Марко Грилц (Marko Grilc), 38 години, еден од најуспешните словенечки сноубордери победник на повеќе шамионати, загина денес во несреќа со сноуборд во австрискиот ски-центар Sölden. Австриските медиуми наведуваат дека Грилц бил дел од филмска екипа со која биле на увид на локација, проверка на терен, во зона на затворна патека.
До несреќата дошло кога Марко Грилц при бордање паднал и ја удрил главата во карпа покриена со снег, не носел заштитна кацига. Се здобил со фатални повреди и починал на лице место.
Грило доживеа еден од своите најголеми успеси во 2009 година кога ја прослави победата на натпреварот Air & Style во Инсбрук. Четири пати во кариерата застана на подиумот на натпреварите од Светското првенство, а единствената победа ја оствари во Лондон во 2010 година во акробатски скокови. Последниве години не се натпреваруваше, главно беше фокусиран на снимање филмови за сноуборд, промовирање на сноуборд меѓу младите и претставување различни брендови. Беше популарен и на социјалните мрежи.