ЈА ШТИТАМ БЕЛАСИЦА ПОВИКУВА НА ЕКО-МАРШ

Вести

Ве повикуваме на Еко-Марш на 11 септември во 8ч. Ова е прв марш од ваков карактер кој го организира нашето движење ,,Ја Штитам Беласица”. Теренот за искачување не е тежок и е доста интересен.Место на кое ќе се започне маршот е на местото викано ,,Тутија”, потоа ќе продолжиме кон ,,Колешинскиот Водопад” каде ќе имаме кратка пауза за полнење вода и правење групна слика, после тоа се упатуваме кон местото викано ,,Пот” каде ќе имаме чистење на теренот од огромното загадување кое е предизвикано од уништувачите на ,,Беласица” и на крај се упатуваме кон ,,Почивало” каде ќе имаме организиран ручек. После тоа по истата патека се упауваме назад. Исто така за време на маршот ќе го прочистиме целиот пат од отпадоци и загадувањето кое е настанато како последица на несовесното однесување на уништувачите на Беласица. Ве повикуваме во што поголема бројка затоа што нашата цел е јасна, таа гласи #БеласицаЌеЖивее. ✊🌲#ЈаШтитамБеласица

Previous Post
АВТОМОБИЛ УДРИ МЕЧКА НА ПАТОТ ДЕБАР-МАВРОВО
Next Post
Трагична смрт на тркач на PTL