Членовите на ПК Македон Александар Кирковски и Дејан Ангелоски втора година во низа ќе настапат на највисоката трка на Алпите, Монте Роса скајмаратонот.
Оваа екстремна високопланинска трка датира од раните 90-ти години како еден од пионерските чекори во скајранингот. Со вкупна должина од 35 километри и 3500 висински метри, се искачува до 4554 мнв — по стрмен и карпест терен, снег, мраз и на поредок воздух.
Учеството е во парови по двајца натпреварувачи, а минатата година Алек и Деки се пласираа на 51-то место од 150 наврски кои земаа учество. Скајмаратонот ќе се одржи на 17.06.2023, а доколку некој сака да ги поддржи во вид на спонзорство нека не контактира.