Алекс Хонолд знае повеќе за искачувањето од било кој друг на планетата. Отсекогаш бил познат во светот на качувањето, но кога ги качи соло 1.000-тe метри на Ел Капитан на Јосемити, привлече внимание и за остатокот од светот. National Geographic го нарече „најголемиот подвиг на чисто качување во историјата на овој спорт“. За нешто помалку од четири часа, Хонолд, кој е несомнено еден од најдобрите качувачи на земјата, го заврши монструозното искачување.
Затоа GQ Sports го повика да ги разбие митовите за сцените со качување по карпи од филмови, вклучително Mission: Impossible – Ghost Protocol, Wonder Woman, The Big Bang Theory, The Eiger Sanction, Captain Fantastic, Cliffhanger и K2. Излезе дека Холивуд не секогаш се држи до реалноста. Големо изненадување, нели? Во секој случај ова е навистина забавно да се гледа доколу ги знаете принципите на качувањето 🙂