18 април беше последен ден на Бистра, лифтовите повеќе нема да работат сезонава. Скијањето продолжува во турно облик за сите оние кои се љубители на таквото скијање. Бистра и околните врвови имаат доволно снег за потење и малку повеќе адреналин кој секако ќе го уживаме барем во следните две недели.
Дополнително корисна информација е што, деновиве се работи на пробивање на патот кон Галичник, па и пристапот до околните кулоари под Меденица ќе биде полесен.