Викенд планинска прогноза 7-8 јануари

Вести

Без битно значителни промени, барем кога станува збор за времето на Македонските планини за време на овој Божиќен викенд. Условите речиси идентични како и минатиот викенд, т.е. во главно ведро време со одлична видливост, но за нијанса постудено.

САБОТА: 

Ведро време со одлична видливост.

Просечна висина на 0°С изотерма на пладне:  2500 метри.

Температура на слој на воздух на 1500м на пладне:  околу 4°С.

Ветер на 1500м: Слаб северен.

Ветер над 2000м:  Слаб северен.

НЕДЕЛА: 

Претежно ведро време со одлична видливост.

Просечна висина на 0°С изотерма на пладне: 2600

Температура на слој на воздух на 1500м на пладне: околу 4°С

Ветер на 1500м: Слаб југозападен

Ветер над 2000м:  Слаб западен

Е сега, она што е би не „заголицало“ е најавата за снег наредна недела. Снегот го очекуваме околу вторник, и тоа на висина над 1700 метри. За волја на вистината, не брзајте со плановите за турно или фрирајд, затоа што очекуваните количини на снег се прилично очајни.
До следен четврток…

Претходен написи
По една недела на Пирин пронајдено тело на исчезнат турист
Следен напис
Алекс Тксикон и шест шерпи со историско зимско искачување на Манаслу