Деветмина алпинисти загинаа, тројца спасени од леден вулкан

Вести

Тројца преживеани членови на група алпинисти, заробени на највисокиот леден активен вулкан во Русија во Евроазија, денеска се спасени, откако девет планинари од групата загинаа при искачувањето, соопшти регионалното Министерство за итни ситуации.

Група од 12 лица, меѓу кои и двајца водичи, пред една недела започна да се искачува на Кључевска Сопка, врв висок 4.754 метри на полуостровот Камчатка, на далечниот исток на Русија.

Откако го поставија кампот на 3.300 метри, осум членови и еден водич го започнаа своето искачување во саботата, објавија локалните медиуми. Од тие девет алпинисти, во саботата најмалку петмина загинале откако паднале од височина од 4.150 метри, а останатите починале кога температурата на планината се спуштила на минус 14 Целзиусови степени во текот на ноќта.

Вчерашните обиди на хеликоптер да слета на вулканот беа неуспешни поради силните ветрови и густата облачност. Тројцата преостанати членови на групата – двајца туристи и еден водич – беа спасени денеска откако се засолниле во кабина што ја користат вулканолозите. Кључевска Сопка е највисокиот од 160-те вулкани покриени со мраз на рускиот полуостров Камчатка, впишан на списокот на светско наследство на УНЕСКО поради неговата исклучителна природна убавина.

Претходен написи
За прв пат по еден век рекордна топлина ги откажа качувачките тури на Алпите
Следен напис
BITOLA OUTDOOR FESTIVAL 2022