Од ски-центарот Нижеполе информираат дека денеска од 10.00 до 15.00 часот, ски -лифтот ќе биде во функција. Од таму велат дека патот е чист, но на одредени места има остатоци од снег и препорачуваат за внимателно возење.
Поради најавените врнежи од снег попладнево, вечер нема да има ноќно скијање.
Инаку во текот на вчерашниот ден таму имаше снежни наноси од над 1 метар.