Диви свињи сѐ почеста слика на Водно

Вести

Граѓаните на Скопје се почесто забележуваат диви свињи и лисици како се симнуваат во урбанизираниот дел на подножјето на Водно. На Јутјуб се појавија снимки на кои се гледа како диви животни ја поминуваат улицата и бараат храна. Во моментот кога животните се осветлени од возила се тргаат настрана од коловозот и се повлекуваат во шумата.

Планинарите на Водно велат дека природната животна средина на дивите свињи е стеснета од прогресивната урбанизација во овој дел на Скопје, па тие се спуштаат надолу. И ние лично се имаме уверено во овие тврдења, сретнувајќи се на Водно со диви свињи преку десетина пати.

Претходен написи
Петто издание на планинската велосипедска тура „Осоговска авантура“
Следен напис
Од удар на гром на Мал Триглав повредени 18 планинари,