По премиерата минатиот викенд во над 175 кина „Алпинист“ е на првото место на табелите на благајните како број #1 документарен филм и инди филм број #2 во Америка. Благодарение на прифатеноста од публиката и критичарите, филмот ќе се прошири низ повеќе од 250 локации низ САД. Исто така филмот продолжува со светската премира низ Велика Британија и Австралија. Повеќе локации со премиери ќе бидат додадени во текот на претстојниот период.
Новиот филм „The Alpinist“, од режисерот на филмот „The Dawn Wall“, Питер Мортимер, е интимно истражување на животот на канадскиот соло алпинист Марк-Андре Леклер. Марк-Андре Леклер качува сам, далеку од центарот на вниманието. На оддалечените алпски падини, слободоумниот 23-годишен Канаѓанец прави некои од најхрабрите соло искачувања во историјата. Сепак, тој привлекува оскудно внимание. Без камери, без јаже и без маргина за грешка, пристапот на Леклер е суштината на соло авантурата. Номадски и срамежлив, тој не поседува телефон или автомобил и не сака да дозволи филмската екипа да влезе во неговата чиста визија за искачување. Леклер тргнува во историска авантура во Патагонија која ќе го редефинира она што е можно при соло качување.
„The Alpinist“ е интимен документарец на млад визионер кој ја следи трагата на сопствената страст, и покрај најтешките можни последици.