Казни за сопственикот кој рамнел земјиште на Водно

Вести

Сопственици на четири земјоделски парцели на Водно се повикани во полиција, затоа што го рамнеле земјиштето и јавноста се сомнева дека незаконски закал да гради објекти на истото. Механизација на расчистување на теренот покрај пешачката патека Словенска која води до Средно Водно. Земјиштето влегува во Парк шума Водна и во заштитениот дел на планината, имал намера да отвора кафуле, па затоа ќе биде казнет.

Се работи за 4 парцели во приватна сопственост, кои се надвор и од Деталниот урбанистички план и од Генералниот урбанистички план и се водат како земјоделско земјиште, односно лозја. На овие локации не е предвидена никаква градба ниту пак населба. На сопственикот ќе му биде врачено решение итно да го врати земјиштето во првобитна состојба и ќе биде изречена казна. Сопственикот исто така е пријавен во МВР, кое ќе го повика на разговор, смируваат од Општина Центар.

Oд МВР изјавија дека сопствениците доколку го прекршиле законот ќе добијат соодветна кривична пријава, и порачуваат граѓаните да бидат спокојни бидејќи на тоа место нема ништо да се гради. Вчера веќе запреа градежните активности, а градежната механизација по синоќешната инспекциска контрола е повлечена. Сопствениците се повикани на распит во полициска станица бидејќи се работи за приватни парцели. Тие го прекршиле законот и добија казни но и наредба да го врата земјиштето во првобитната состојба.

Од општина Центар констатирале дека се работи за 4 парцели кои се надвор од ДУП и ГУП. Градоначалникот на Центар го презентираше планот на кој јасно се гледа дека овој простор е дел од Парк шумата Водно и е надвор од урбанистичките планови. Ќе се проверува и зошто е направен дрвениот мост. Запрени се градежните работи и на куќите кои се градат од спротива. Денеска до нив не можеше да се стигне.

Инспекторите направиле проверка и на дел од околните куќи . Постапиле со рушење на една помала дивоградба. Останатите дополнително ќе ги проверуваат дали добиле документ за легализација, но Богдановиќ прецизно не одговори дали и колку одобренија за градба се издадени во овој дел.

  • „Додека сум јас градоначалник, Водно ќе биде третирано како светост за скопјани. Толку напори вложивме да го ослободиме од возила, да пробиеме велосипедски патеки, да изградиме противпожарни системи, да воведеме бесплатен јавен превоз и да ги означиме планинарските патеки и нема да дозволиме градежната линија да биде качена уште нагоре, како што се правеше во минатото. Впрочем, ГУП-от што во моментов се изработува не предвидува никакво поместување на таа линија, а и целосно ја брише јужната сообраќајна обиколница што требаше да се гради на Водно според претходните планови“, потенцираше градоначаланикот Шилегов.

Викендов се отвора новата надолна патека за велосипедисти којашто нуди неповторлив 20 минутен адреналин и таа завршува во непосредна близина на овие израмнети ниви. Тука поминува и најфреквентната планинарска патека на Водно (полициска патека) и граѓаните ќе можат да сведочат со свои очи дека багери и градежна механизација нема да се вратат на ова место.

  • „Денес местото го посетив со главниот градски инспектор Мирослав Богдановски. Драго ми е што добрата соработка со инспекторатот на Општина Центар осуети уште еден напад врз Водно и што брзата реакција беше иницирана од медиумите, односно планинарите“, кажа Шилегов.
Претходен написи
Дани Арнолд ги комплетира брзинските соло искачувањата на Алпите
Следен напис
Ирина Дишовска и Лазо Миновски го искачија Ама Даблам