Македонската репрезентација настапи на светското првенство во скајранинг

Вести

Македонската репрезентација минатата недела настапи на светското првенство во скајранинг кое се одржува во Италија со присуство на 35 национални тимови. Во дисциплината вертикален километар настапија Дејан Ангелоски, Елена Ртоска, Никола Илиевски и Вера Урдаревска. Истите четворица трчаа и скај-рејс 28км 2200д+.
На дисциплината скај-ултра 57км 3500д+ настапија Ивана Пекевска, Антонио Каранфилоски и Александар Кирковски.

Тие имаа успешен настап на шесттото светско првенство во скајранинг, а второ во низа за македонската репрезентација. На крајот со освоени 136 бодови се пласиравме на 20-то место од вкупно 35 репрезентации (31 земја во ранкинг со бодови).

Скај-рејс класик 29км 2200D+ за затварање на светското првенство:

Елена Ртоска 4:17:37 (22 место)

Вера Урдаревска 5:25:00 (44 место)

Никола Илиевски 3:34:54 (35 место)

Дејан Ангелоски – 17км днф

Надвор од рамки на светското првенство во ‘опен’ категорија трчаше Димитар Тодоровски (4:42:51 – 33 место)

На дисциплината скај-ултра во должина од 58 километри и 3500 висински метри успешен настап имаа:
Ивана Пекевска (10ч 36м – 32 место)
Антонио Каранфилоски (8ч 20м – 37 место)
Александар Кирковски (8ч 39м – 38 место)
Честитки за скај-ултра тимот!

Одлични на вертикален километар!
Елена Ртоска 54:06 (20 место)
Вера Урдаревска 1:05:02 (38 место)
Дејан Ангелоски 42:25 (22 место)
Никола Илиевски 52:48 (43 место)

Претходен написи
Почина планинар на планинска патека на Кораб
Следен напис
13 Climbing Festival Demir Kapija