Македонската скајранинг репрезентација дел од европското првенство

Вести

Македонската скајранинг репрезентација по втор пат беше дел од европското првенство кое овој пат се одржа во Португалија. Со четири натпреварувачи на првенството и за жал без женскиот дел од тимот дадоa максимум за што подобар индивидуален и тимски пласман, а со вкупно 102 бодови тие се пласираа на 11-то место од вкупно 20 репрезентации.

На дисциплината SKY во должина од 35 километри со 3500D+ настапија:

  • Дејан Ангелоски (16 место, 4:34:58)
  • Александар Кирковски (24 место, 5:13:59)
  • Марјан Бонев (29 место, 6:01:01)

Во најтешката дисциплина ULTRA со 65 километри и 6500D+ настапи Никола Илиевски, кој за жал мораше да се откаже на 42-риот километар. Надвор од рамките на европското првенство на отворениот старт на 35 километри настапи Димитар Тодоровски и ја заврши трката за 5:49:58 на 26 место во опен категоријата.

Присуството и претставувањето на Македонија на овие големи собири е примарна цел и големи честитки за целиот тим, а особено сме горди на нашиот најдобар тркач Дејан Ангелоски кој со само 21 година уште еднаш постигна исклучителен резултат и се носеше со некои момци од светската елита.

Претходен написи
Ценовник ски карти 2022 Маврово
Следен напис
Трагедија на Матка