Македонските високогорци забележаа нов успех. На 25ти во 11:19 ч. двајца членови од тимот на клубот I love hiking успеаа да ја искачат најдолгата 7000ка Ленин Пик 7134м. Истиот ден уште двајца македонци од клубот H2O исто така успееа да го качат врвот, што се нема случено многу одамна. Нивните имиња се Васил Скрчески, Филип Костадинов, Миленка Шаровиќ и Златко Јаковски. Сите се вратени во базниот камп и чекаат трансфер до Македонија. Уште неколку членови од овие клубови и двајца членови од ПК Македон засега не успеваат да го искачат врвот. Им посакуваме брзо и безбедно враќање во Македонија.
Македонски експедиции на врвот Ленин Пик – 7.134 метри
Претходен написи
Грешки на кои треба да внимаваат планинари почетници
Следен напис
Македонските локалитети за качување објавени во престижното списание Grimper