Настан која секоја година става акцент на зачувувањето на животната средина се одржа по десетти пат, на Водно , а годинава со навистина голем интерес за оваа манифестација.
Велосипедската трка започна пред Музејот на град Скопје, а планинската трка пред ОУ Кочо Рацин.
На овој спортско-рекреативен настан годинава учествуваа над 2000 велосипедисти, планинари и рекреативци, кои со планинарење, трчање или возење велосипед го качуваа Водно.
Организатор на трката е Здружението за спорт и рекреација ПРВ ДО ВРВ, а настанот е со поддршка на Градот Скопје и комерцијални спонзори.
Резултати овде