На Златибор отворена најдолгата панорамска гондола на светот

Вести

На 14ти јануари 2021ва е свечено отворена најдолгата панорамска гондола на светот, Голд гондола, која се простира по траса долга девет километра и го поврзува центарот Златибор со планинскиот врв Торник. Изградбата на гондолата долга девет километри започна 2016 година и чинеше 13 милиони евра, пренесува Бета.

Возењето до крајната станица на визина од 1.496 метра, трае 25 минути а 55 кабини може да пренесат 600 патници на час.Максималниот капацитет на гондолата е 90 кабини со 1.000 патника на час

На отворањето и свеченоста присуствуваше и претседателот на Србија Александар Вучиќ кој укажа на бирократските потешкотии кои ја попречувале и успорувале оваа инвестиција од државен интерес. Ова претставува едно од најголемите вложувања во туризмот во Србија.

Туризам од висока категорија

Властите најавија нови инвестиции на Златибор кои ќе го унапредат туризмот на таа планина. Како што е веќе најавено, на меѓустаница кај Рибиничко езеро се развива проект “Нов Златибор” за туризам од висока категорија, на повеќе од 200 хектара земјиште. Очекувањата се дека инвестицијата во гондолата ќе се врати за 10 години, кога се очекува Златибор да постане најпосетена туристичка дестинација во Србија и регионот со 10 милиони ноќевања годишно или со окулу 1 милион посетители.

Цената на повратна карта за возење со гондолата за возрасни до Торник е 8.5 евра, а детска карта чини приближни 5 евра, а деца до 6г имаат право на бесплатно возење…во пратење на возрасно лице.

До сега , најдолгата гондола на светот беше “TianmenShan Cable Car” gondola (7,4 kilometara), лоцирана во склоп на Национален Парк Zhangjiasie во Кина, во пределот каде е снимен култниот филм “Avatar” награден со Оскар.

Претходен написи
81во издание на Hahnenkamm трките од Светскиот Куп во Алпско скијање
Следен напис
Marta Bassino со две “Златни лисици” во Крањска Гора