Објавена е уште една секција од Македонската Бесконечна Трансверзала

Вести

Објавена е комплетна верзија на уште една секција од Македонската Бесконечна Трансверзала. Секцијата I2 – 202км од Скочивир до Демир Капија ( Јужна Македонска Трансверзала ) е комплетирана со сите маркери, описи, додадена дигитална елевација и слики од одредени точки.

Ова е најдолгата секција на источното крило на Sammiana и го опфаќа најдивиот (или ако сакате најзафрлениот) дел од Македонија. Покрај прекрасна природа и големиот избор на дополнителни врвови, додатен шмек на оваа секција е и тоа што во одреден дел поминува низ фронтот од првата светска војна каде ќе наидете на многу остатоци кои сведочат за тие дамнешни времиња.

Воедно оваа секција е и многу разновидна па така поминува низ повеќе типови шуми, од низински до карпест предел, 3 клисури, повеќе планински реки и огромна можност да се сретнете со диви животни.

Добредојдени се сите забелешки и дополнувања на трасата.

Секција I2 на Sammiana

www.sammiana.com

Претходен написи
Џорџ Еверест не сакаше Монт Еверест да го носи неговото име
Следен напис
Петок ноќно скијање на Пониква