Од ЈП Национални шуми – Скопје информираат дека од утре стапува на сила Делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Делумната забрана е одобрена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП Национални шуми – Скопје.
„Со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор се воведува Делумна забрана за движење во шума на територијата со која стопанисува односно управува ЈП Национални Шуми – Скопје на сите лица во шумите и шумските појаси за временскиот период 24.06 2022 во терминот од 06 до 20 часот“, велат од јавното претпријатие.
Делумната забрана ќе стапи на сила утре, на 24 јуни и ќе трае сè до проценката дека е намален ризикот од појава на шумски пожари, односно до нејзино отповикување.За непочитување на забраната, физичките лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште ќе им се изрече казна од 1500 до 2000 евра во денарска противвредност.