Олимпиецот Пановски со едногодишен мандат нов претседател на ски федерација

Вести

Поранешниот олимпиец Дејан Пановски е нов претседател на скијачката федерација на Македонија (СФМ), кој вчера беше избран на изборното Собрание и тој ќе има едногодишен мандат, по што повторно ќе има избор на прв човек на македонското скијање.

Пановски во два наврати беше македонски олимпиец , 1998 и 2002 година, а во моментов го превзема предизвикот и најави обврска да ги смири страстите во скијачката федерација, но и да ги подобри состојбите во скијачкиот спорт. На вчерашниот избор на Пановски присутни беа и претседателот на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК), како и претставник на Агенцијата за млади и спорт (АМС).

Пановски доаѓа на чело во крајно турбулентен период за федерацијата исполнет со бројни конфликти и несогласувања помеѓу клубовите. Вчера оспорувајќи ја легитимоноста на собранието , изборот го напуштија 12 клубови.

Пановски изјави „Како голем спортист, вљубеник во планините и скијањето и општо во спортот, максиманлно ќе се посветам и ќе дадам се од себе за конечно да имаме видливи позитивни резултати и напредок во овој спорт во нашата земја. Во наредниот период сите активности ќе бидат насочени кон унапредување на квалитетот на сите спортови при Скијачката федерација на Македонија, обезбедување на средства за млади-надежни натпреварувачи, усовршување на постоечките стручни кадри, како и популаризација и заживување на скијачките клубови, а со тоа и зимскиот спорт во нашата земја“

Претходен написи
Продолжуваат превирањата во Скијачка федерација 12 клубови го напуштија собранието
Следен напис
Осврт на голем вљубеник во скијањето повод случувањата во ски федерација