Обвинетите татко и ќерка, Шериф Ракума и Блерта Рамука и двајцата од Косово и правното лице „Радика Резорт” ДООЕЛ увоз извоз с. Леуново Општина Маврово и Ростуше, не се виновни за бунгаловите на брегот од Мавровското Езеро (за што пишувавме тука). Вака одлучи Основниот суд во Гостивар каде судијата Даут Рустеми проценил дека не се докажало дека обвинетите го сториле кривичното дело Бесправно градење од чл.244-а став 1 од Кривичниот законик, а за правното лице за кривично дело Бесправно градење од чл.244-а став 5 в.в со став 1 од Кривичниот законик, кое им се става на товар.
Согласно бараната информација по увидот во Акмис системот Ве известуваме дека пред Основен суд Гостивар заведен е предмет под број К.бр.245/22, a по поднесен обвинителен акт на Основното Јавно обвинителство Гостивар, кој согласно автоматската распределба бил распределен кај судијата Даут Рустеми. По предметот се водела постапка која завршила со пресуда во која обвинетите се ослободуваат од обвинение врз основа на член 403 став 1 точка 3 од Законот за кривична постапка , односно судот ценел имајќи ги во предвид сите изведени докази дека не се докажало дека обвинетите го сториле кривичното дело кое им се става на товар”, ни одговорија од Основниот суд во Гостивар.
Јавен обвинител кој го застапувал обвинението е Хазби Исеини од Основно Јавно обвинителство Гостивар. Во Пресудата во делот на образложението не е наведено дека Јавниот обвинител доставил извод од казнена евиденција како доказ за осудуваност или неосудуваност на Шериф Рамука и Блерта Рамука.
Пресудата е донесена на ден 04.07.2022 година, а јавно објавена на ден 07.07.2022 година во која пресуда застапникот на обвинението не докажал надвор од разумно сомневање дека обвинетите го сториле делото за кое се обвинуваат, додаваат од Судот.
Обвинетите во текот на постапката кажаа дека не чувствуваат вина за овој случај, а нивниот законски застапник пред Судот истакна дека постојат докази со кој ќе му предочат на судот дека ниту двајцата обвинети, ниту нивната фирма немаат вина за бесправното градење на градбите на брегот на Мавровското Езеро.
Целиот текст овде.