Петра Влхова во Flachau не дозволи Шифрин да ја изброи историската 83та победа

Вести

Shiffrin ја собра својата 82 победа и се израмни со Lindsey Vonn

За прв пат по 2019г Mikaela Shiffrin уште еднаш прогласена за Снежна Кралица во Загреб, а потоа и побеад во Крањска Гора за израмнувачки момент со гигантот Lindsey Vonn. Shiffrin сезонава е во одличен ритам и на едно високо ниво сама за себе.

Во минатите сезони Shiffrin имаше потешкотии на мека снежна подлога, па нејзиниот тим работеше со Atomic, долгогодишен спонзор да најдат скии кои ќе функционираат на топли временски услови кои доминираат во Европа оваа зима.

Со уште една освоена трка Shiffrin во Крањска Гора го израмни рекордот на Vonn по една декада натпреварување на Светскиот Куп. Во нејзината изјава потенцира како е важно скијањето а не бројките : “Ова е така специјално место за мене, со многу историја овде и вечерва особено се забавував. Денеска ги пробав за прв пат на трка новите скии и беше највозбудливото нешто денеска, дека се чувствував одлично скијајќи на мекиот снег.

Shiffrin во улога на еден од најдобрите скијачи на сите времиња со 35% учинок (освоени трки во 231 старт) е на нивото од еден Stenmark кој во 230 настапи на Светскиот Куп има учинок од 37.4% освоени трки. Сонародничката Vonn пак е со 20.8% успешност.

Процентот на успех споредено со други спортови е на едно највисоко ниво: Serena Williams има 30.4% победи додека Roger Federer е со успех од 28.1%.

Shiffrin е во една неверојатна серија од пет последователни победи, а со нејзината аналогија дека сеуште го “јава бранот” и ужива во моментите додека траат изјави: “Ќе бидам целосно преморена на крајот на викендов, но тоа е сезоната, навистина заморна… но возбудлива.”

Претходен написи
Викенд прогноза за 14-15 јануари
Следен напис
Снегот ќе не бомбардира во бранови викенд продолжена прогноза