Популарната двојка Mikaela Shiffrin и Aleksander Kilde со двоен успех во Courchevel

Вести

Моќната скијачка двојка го прослави својот заеднички успех во спуст на почеток на финалето на Светскиот Куп во Courchevel, Франција.

Норвежанецот Aleksander Aamodt Kilde во битка за кристален глобус во спуст во средата во тет а тет битка со швајцарецот Beat Feuz , го престигна за само 13 поени и да дојде до титулата во спуст за 2022г.

Епилогот е што Kilde заврши четврти на последната трка зад Feuz кој заврши трет, но со неговото константно скијање во текот на сезоната оствари предност која му донесе победа на Светскиот Куп во 2022г во спуст но не и во генерален пласман.

Швајцарецот Marco Odermatt кој заврши на второ место утрото сепак ја освои титулата во генерален пласман…Без разлика на тоа, Kilde имаше многу да слави за втората титула во спуст во кариерата во сезона во која се врати од повреда.

По утринската прослава, најдобриот скијач за 2022г остана да го гледа настапот на својата девојка, Mikaela Shiffrin, на истата патека на која скијаше неколку часа пред тоа.

Американката која беше на мисија да ја врзе титулата во генерален пласман на нејзиното прво појавување во спуст на едно финале од Светскиот Куп, му покажа на светот од што е направена по разочарувачката Олимпијада. За разлика од Kilde, Shiffrin која имаше тешка Олимпијада во Пекинг се бореше да докаже дека е доминантна скијачка на Светскиот Куп и претендент за најдобар скијач на сите времиња.  

Финалната трка во спуст сезонава ја освои со реден бр. 21 и заврши насмеана во прегратките на својот сакан на финишот за своја 74та победа во кариерата!

Shiffrin сега е на чекор до четврта титула во севкупниот пласман на Светскиот Куп со водство во генерален пласман пред Vlhová за 156 поени на три трки до крај на сезоната.

До сега никогаш во кариерата Shiffrin не се пробала во спустот на финалето од Светскиот Куп иако има веќе три победи во своите 16 настапи во дисциплината. Последен пат застана на подиум во брзите дисциплини во Банско, Бугарија во Јануари 2020.

“Чувствувам како да не треба да победувам во спуст. Мислев дека ќе завршам во топ 5 или 10 скијачки и дека тоа ќе биде супер. Од таа причина и стартував но всушност победата беше над моите очекувања.” изјави после победата.

Shiffrin’s веќе изгледа комотна во спустот и имаше одличен тренинг. Патеката очигледно и одговараше бидејќи захтева повеќе техничко скијање. Во консултации со Kilde за тактиката, бидејќи имаа можност заедно да тренираат на новата ски патека L’Eclipse се здоби со дополнителна самодоверба и некако успеа да се надмине. “Со Aleks зборуваме многу за скијањето и навистина ми е лесно да ги разберам неговите поенти,” коментираше Shiffrin. “На почетокот од тренингот ми кажа да скијам паметно на клучните точки од патеката и да правам добри скршнувања – едноставно и чисто. Одлично функционираше.”

Shiffrin покажа стабилни нерви иако е во борба за титулата, но помалку се грижела за својата трка туку за таа на Килде: “Повеќе се секирав за неговата трка. За него оваа трка ја решаваше сезоната. Многу се случуваше во неговото срце денеска и го знаев тоа, се сочувствував со него.”

Претходен написи
Попова Шапка студено време и поевтини карти
Следен напис
Нижеполе скијање од 17 до 22 часот