Поставeна сајла на патеката кон врв Кабаш

Вести

Во рамки на работната акција одржана на 19.09.2021 oд страна на ПК Трансферзалец, беа поставени челични жици – сајли за придржување (и делумна можност за одење со наврска – via ferrata) на 2 делници кон врвот Кабаш на масивот Кораб и тоа: во кулоарот од јужната страна под врвот Кабаш на вертиклен стрмен засек меѓу карпите во должина од 30 метри и на свртувањето за влез во кулоарот од сртот на југоисточниот гребен под Кабаш на закосена стрмнина по хоризонтала во должина од 20 метри.

Беше поставен и дрвен столб на самиот срт на гребенот кај свртувањето на кој ќе се постави дрвен патоказ стрелка со натпис Кабаш, а на неколку места по стрмнината со мотика беа ископачени по 20ина метри патека меѓу стрмните бусени трева и камења за да може побезбедно да се стапне на тој предел.

Патеката за врвот Кабаш висок 2.391 метар, започнувајќи од селото Нивиште, беше и обележана со боја во поголемиот дел, како и расчистена од обраснатост од грмушки, гранки во почетниот дел од селото до течението на потокот Дагон.

ВАЖНА НАПОМЕНА: Челичната жица-сајла за придржување која е поставена на 2 делници на патеката за искачување на врвот Кабаш на Кораб од јужната страна е со цел за побезбедно искачување, но мора да се користи на сопствена одговорност со исклучително многу големо внимание и огромна претпазливост во движењето по еден човек и е препорачлива за планинари со големо планинарско искуство!!!

Претходен написи
Започнаа премиерите на The Alpinist
Следен напис
Дали искачувањето на „вистинскиот врв“ на Манаслу ќе стави крај на историската дебата за планините во Непал?