Резултати од светско првенство во скајранинг

Вести

Одлични резултати ни пристигнаа  од македонската репрезентација на првиот ден – дисциплина вертикален километар на светското првенство во скајранинг кој се одржува во Шпанија од 9 до 11 јули

Мажи:
– Дејан Ангелоски 39:51 (13 место) 
– Александар Кирковски 48:05 (30 место)

Жени:
– Елена Ртоска 54:06 (18 место)
– Сања Најдовски 57:55 (19 место)

Честитки до сите за супер резултатите, но и на собраните високи 152 бода во тимскиот пласман. Ќе го издвоиме настапот на Дејан Ангелоски кој заостана само 4:45 минути зад светскиот шампион – БРАВО!  Следниот настап на македонскиот тим е во недела на дисциплината скај-маратон.

Претходен написи
Најтешкиот настан за качување што некогаш сте го виделе
Следен напис
Завршен натпревар на светското првенство во скајранинг