Сем Хјуган ќе глуми во планинарската драма Еверест

Вести

Сем Хјуган покрај Иан Мек Грегор и Марк Стронг, потпиша да глуми во Еверест, авантуристичка драма заснована на реалниот живот на англискиот планинар Џорџ Мелори.

Да не се помеша со истоимениот филм на Џејк Гиленхал од пред неколку години, овој Еверест се случува во 1921 година, а во центарот се наоѓа Мелори (Мек Грегор), додека се подготвува да се справи со својот најголем планинарски предизвик досега. Како што тече приказната, Малори е избран од Артур Хинкс од Кралското географско друштво за да се искачи на сè уште непобедениот Монт Еверест. Негов австралиски ривал во овие напори е Џорџ Финч, кого го игра Хјуган.

Според синопсисот, предизвикот доаѓа со дополнителни влогови и за двајцата: „После Првата светска војна, британскатa империја која е во опаѓање е очајна за победа, но за Малори и неговиот ривал, ексцентричниот Ауси Xорџ Финч, предизвикот нема ништо со патриотизам, наместо тоа, тоj претставува тест за себе“.

Патувањето не завршува среќно во реалниот живот. Мелори учествува во првите три британски експедиции на Еверест, во 1921, 1922 и 1924 година – и за време на патувањето во 1924 година, тој и неговиот партнер за искачување Ендру Ирвин исчезнуваат. Последен пат биле видени на околу 800 метри од врвот, но не е познато дали го достигнале врвот пред да умрат. Судбината на Мелори беше мистерија неколку децении, сè додека неговото замрзнато тело не беше откриено на Еверест во 1999 година.

Режисер на Еверест е Даг Лиман, во чијашто филмографија е вклучен и „Борнеовииот идентитет“, додека сценариото е на Шелдон Тарнер, кој го напиша сценариото номинирано за Оскар за Up In The Air.

Претходен написи
Како да се искачите на седумте врвови
Следен напис
Добри вести од Копаоник: Европскиот елен повторно населен на оваа планина по повеќе од 150 години