Тој е еден од најдобрите скијачи на сите времиња и освојувач на сите можни награди но штом се наврати на својата кариера чуствува доза на каење.
На Олимпијадата во Калгари 1988г се роди новата скијачка ѕвезда – храбар, дрзок и носител на надимак идеален за насловните страни, тоа беше Алберто Томба “La Bomba”, кој го оправда својот надимак со тоа што ја збриша конкуренцијата од планините таа година за да земе две злата во веле слалом и слалом трките.
Никогаш не се срамеше да загризе и да се искаже, па веднаш по освојувањето на својот прв златен медал на 21 година – италијанот во живо на тв побара од својот татко да го исполни своето ветување и му го побара новото црвено Ferrari како награда. За потоа да и закаже состанок на освојувачката на златен медал на лизгање на мраз Katarina Witt и ја покани да излезат.
Фановите во тоа време на слалом и велеслалом трките кои беа познати како натпревар за технички поткованите, беа навикнати на тивкиот и ненаметлив швеѓанец Ingemar Stenmark, кој доминираше со спортот цела декада. А со доаѓањето на “La Bomba”, беше јасно дека техничкото скијање нема повеќе да биде исто.
Томба со неговиот “величествен” и впечатлив карактер остави траен белег на ски спортот.
Синови на текстилен магнат, Алберто и неговиот брат Марко не израснале скијајќи на Алпите како сите големи италијански скијачи пред нив. Франко Томба ги возел своите момчиња од неговата вила (од 16ти век) во околината на Болоња до малиот скијачки центар Sestola на Апенините.
“Татко ми беше клучен за мојот живот,” вели Томба.
“Тој го засакал скијањето уште кога бил на колеџ во Швајцарија. Не носеше мене и Марко на планина во 6 часот наутро и ќе скијаше цел ден. Марко е една година постар и беше премногу брз за мене, но за нас тројцата скијањето беше единствената занимација.” Алберто за разлика од неговиот брат продолжил сериозно да се занимава со скијањето со помош на неговото семејство. “Длабоко сум убеден дека поддршката од родителите е основен и круцијален фактор за развојот на млад спортист.”
Алберто научил да скија на три години а во 1980 година на 14 години се квалификувал во Италијанскиот тим за детски куп попознат како Topolino, а во 1984 година кога завршува 4ти на Светскиот Јуниорски Шампионат во САД станува забележан.
Потоа една победа на Божиќен паралелниот слалом на Сан Сиро стадионот во Милано му даде неопходен поттик. “Секогаш се натпреварувам за да победам и само требаше да се израсне и да се развијам физички за да го достигнам целиот свој потенцијал. На Сан Сиро победив скијачи кои се натпреваруваа со години и во тој момент сфатив дека победувањето не е само фантазија.”
Во раните 1980ти, конвенционалите скијачи во техничките дисциплини биле со лесна градба, жилави и агилни, поситни. Со 183см визина и 90 kg тежина, Томба бил далеку од тоа. Сепак, слалом техниката се менува и во 1982г капиите на пружина се воведуваат на Светскиот Куп. Со тоа скијачите не требале веќе да се свиткуваат окулу фиксна капија туку можат веќе да се пуштат по права рута долж планината. Тежината и моментумот станаа предност доколку може да го контролирате своето забрзување.
За три сезони, зголемената маса и силата го направи скијањето на Томба побрзо но непредвидливо.
Во 1985 г. освои три евенти на Европскиот Куп и следната сезона се натпреваруваше за прв пат на натпреварите од Светски куп, а следната сезона го извозе својот прв Светски Куп на 18 години во Madonna di Campiglio, иако не ја заврши. После неколку незавршени трки успеа да ја надмине таа фаза и следи пробив во сезоната 1985/86.
На Светскиот Куп во Åre, Sweden, започнувајќи од позадина т.е. од стартна позиција 62 стигна до неверојатно 6то место. Потоа за прв пат се искачи на подиумот на Светскиот Куп на возраст од 19г на почеток на сезоната 1986/87 и тоа со трето место на бруталната писта на велеслаломот во Alta Badia. Така се квалификуваше за Светскиот Шампионат во Crans-Montana, каде неговата склоност за публицитет стана очигледна и дружбата со неговите колеги надвор од хотелот.
“Тоа ме држеше блиску до вистинскиот живот и ми овозможи да ја видам можноста на скијањето во перспектива.” Бронзениот медал на Томба во велеслалом беше единствениот медал кој го освои тимот на Италија тогаш.
Фактот дека може да ги избегне планините исто така му помогна да го избегне и да се соочи со притисокот.
“Растењето во Болоња ми помогна да прифатам смисла за хумор и способност да ги де-драматизирам ситуациите. Неколку дена да имав за да се оттргнам од скијањето и тоа ми даде можност да наполнам батерии за да се соочам со нови предизвици.”
Наредната сезона од Светскиот Куп во 1987/88, Томба фати еден победнички ритам и така се роди легендата за него. Во првиот тркачки викенд на домашен снег во италијанскиот Sestriere, Томба комотно освои слалом извикувајќи “Јас сум ѕвер!” проаѓајки на целта. Следеше истото и во велеслалом победувајќи го својот идол, големиот Ingemar Stenmark, за само 0.09 секунди.
Победа на следниот велеслалом во Алта Бадија проследена со голема предност од 1.34 секунди во слаломот на Madonna di Campiglio. Овој пат кога ја проаѓаше целта за чтврта победа едно подруго извика, “Јас сум новиот месија на скијањето!”
Кога го потсетија за ова се смее. “Дали навистина го реков тоа? Не се сеќавам но кога ја поминувате целта, понекогаш вашата уста е побрза од вашиот ум.”
Томба возеше во Kranjska Gora на Светскиот Куп во натпреварите од велеслалом на својот 21ви роденден, и забелеша прво испаѓање од трка кога излегоа гласини дека премногу се забавувал и претерал со славје претходната ноќ. Но тоа не го спречи наредниот ден да ја освои петата победа од сезоната. За таа Олимписка година Томба освои дури седум победи се до Калгари во Февруари 1988г. Имаше одлична подготовка: “Бев многу самоуверен во врска со мојата физичка кондиција, полн со ентузијазам и радост како дете на пред огномет. Замислете, моето прво учество на Олимпијадата што беше мој сон од детството, и се оствари мојот сон да се натрпреварувам против моите идоли. Бев решен да го покажам најдоброто и да уживам во моментот.”
На трките од велеслалом во Калгари , Томба постигна предност од 1.14 секунди после првите две трки што беше доволно за вообичаено резервираниот швајцарец и златен медал во спуст Pirmin Zurbriggen да признае, “трката е завршена, никој неможе да го стаса.” И никој не успеа, а Томба победи за преку 1 секунда.
Во Слаломот беше многу потесно и од трето место со 0,63 секунди задоцнување успеа да стаса до победата за само 0,06 секунди пред лидерот од првиот круг Германецот Frank Wörndl кој беше светски шампион. Тогаш Томба го изведе познатиот “Томба напад” како што го нарече коментаторот на ББЦ со експлозивно второ возење.
Враќањето дома од Калгари било посебен момент за Томба “Италија ме прими назад како херој. Не беше лесно да се поднесе притисокот и да се задржи нормален профил но исто така јас сум истиот што јаде домашна паста од мајка ми. Ова ми помогна да останам фокусиран на тоа што го сакам најмногу – спорт, скијање и натрпревари.”
По Олимпијадата во 1988г Томба забележа уште две победи во Светскиот Куп но со тоа што не ги заврши двете трки во велеслалом и слалом во финалето во Saalbach во целокупниот пласман на Светскиот Куп победи Zurbriggen.
Томба освои само една победа на Светскиот Куп во сезоната 1989 но наредната сезона пак во 1990, после излетувањето во Val d’Isère на Светкиот Куп и кршењето на клучната коска остана надвор од натпреварувањата.
“Супер-Џи не ми беше омилена дисциплина и тоа излетување ми го потврди она што го чуствував. Тоа беше единствена посериозна повреда во кариерата.”
Но во 1992г се врати назад со експлозија и тоа со 7 победи во Светскиот Куп непосредно пред Олимпијадата во Albertville Olympics.
Така неговите фанови велеа дека игрите треба да се преименуваат во Albertoville.
На пред Олимписка прес конференција ја потпали јавноста , со изјавата “порано имав луди проводи со три жени до 5 часот наутро но сега остарев, во Олимпиското село овдека ќе се забавувам со 5 жени но “само” до 3 часот наутро…”Сега вели “секако дека беше само шега и спин на едно банално новинарско прашање. Доколку не спиете и не ги наполните батериите нема да може да се натпреварувате на високо ниво и скоро е невозможно да победите.”
И навистина победи. Во велеслаломот во Albertville кој се одржна на една тешка писта по назив Face de Bellevarde , со брутални услови Томба го постави најдоброто време на двете трки во велеслалом. Во задоцнување 1.58 во првата слаломска трка, “Томба Нападот” оствари најдобро време во втората рунда што беше доволно само за сребрен медал и ја пропушти приликата да во освои насловот позади Швајцарецот Paul Accola.
Томба беше фаворит за Олимписките игри во Лилехамер. Следната олимпијада беше во Лилехамер 1994г со 4 победи во Светскиот Куп беше фаворит за злато повторно, но во Веле слалом тој пропушти капија. Беше за 1.84 секунди позади во првата слалом трка, но со “Томба нападот” скокна до сребрен медел.
Во следната сезона, Томба стана непобедлив.
Но што го правеше толку добар ?
“еден новинар изјави во една прилика како мојот стил на скијање потсеќал на 4*4 погон на тркала,” вели Томба. “Можеби е мојата мускулна маса и моќ, а можеби мојот капацитет да ја меморирам секоја патека за време на инспекцијата пред трките, можеби начинот на кој ги напаѓав капиите без калкулација само фокусиран на победа, а можеби е и мојот капацитет да се соочам со победите и поразите со подеднакво ведар дух.”
Што и да е, Томба го освои Светскиот Куп со голема разлика во 1995.
Во Италија премногу ме сакаат и веќе сум преморен. Преморен. Изјави тогаш Томба.
Томба манијата беше во полн ек и тој беше најпопуларниот спортист во Италија и илјадници фанови доаѓаа на секоја негова трка од Светскиот Куп. Тогаш се случи и судирот со еден фотограф по име Aldo Martinuzzi кој сакајќи да профитира од славата на Томба беше спремен да објави гола фотографија од Томба во сауна направена во 1988г.
Кога Томба го забележа повторно истиот фотограф од подиумот во Alta Badia, фрли со трофеј по него.
Контроверзијата продолжи во 1996г на Sierra Nevada Светскиот Шампионат во Шпанија. Иако стаса во непријателска атмосфера заради некои коментари извадени вон контекст после првата трка “сите започнуваат да ме бодрат.” Тој освои злато во велеслалом по што следеше победа во слалом после два дена. Неговите фанови ја срушија оградата и го качија на рамена.
Носител на Олимпискиот факел во 2006 година на Игрите во Торино
Статусот на селебрити почна да го притиска Томба “Во Италија ме сакаат премногу. Сега Алберто е уморен, повеќе од уморен.” во една изјава се пожали Томба. А после неколку месеци се одлучи дека сезоната 1997/98 ќе му биде последна.
На Светскиот шампионат во 1997г во Sestriere, под голем притисок од домашната публика, тој излета на Веле слаломот и му требаше спектакуларен напад за да извлече бронза во слаломот. Потоа не успеа да освои медал на Олимпијадата во 1998г во Нагано исто така со излетување на Веле слаломот и со повлекување од слалом трката откако извозе дури 17то време на првата трка.
После три недели на 31 година, Томба ја затвори завесата на својата натпреварувачка кариера во Crans-Montana, каде го освои првиот медал од Светскиот Шампионат цели 11 години претходно. Летајќи надолу по лизгавата слалом патека го победи новиот Олимписки шампион Hans-Peter Buraas. Тој ги фрли своите ракавици, очила и штеки во публиката со јасен знак дека нема да го видат повторно.
Се уште го смета скијањето за едно од најголемите задоволства
Навраќајќи се наназад, Томба вели дека ништо не би променил во врска со неговата скијачка кариера. “Секое искуство, добро или лошо, е лекција и ве чини тоа што сте. Доколку животот е куќа, тогаш секоја тула е важна.” Одкако се пензионираше од скијањето Томба го посвети својот живот на промовирање на вредностите на спортот и помага во организирање на јуниорски ски трки како што е Томбатура во Америка и Фила Спринт. Исто така е амбасадор на Олимпискиот Комитет и основачки член на Laureus Academy, организација која го користи спортот и глобалната моќ на спортот за социјални промени.
Сега веќе на 51 година, Томба никогаш не се ожени. Неговиот три годишен веренички стаж со бившата Мис на Италија, Martina Colombari, заврши во 1996г после големиот притисок на јавноста и печатот. Тој е се уште спортска икона во Италија и веројатно најдобриот ски тркач на сите времиња, а несомнено најголемиот шоумен на спортот.
Сепак за еден така живописен и “larger-than-life” карактер како Томба, неговите други задоволства имаат доста скромна форма. “Уживам со семејството и пријателите во патувањата, како и трчање и скијање. Се трудам да им помагам на луѓето и да ја пренесам мојата страст за спортот на помладите генерации. Ги гледам моите стари настапи и трки и уживам во спомените. И секако се облекувам, возам, живеам и јадам Италијански.”
“La Bomba” се откажа во сезоната 1998 на 31 година со три Олимписки златни медали, со две шампионски титули од Светкиот шампионат и 50 трки од Светскиот Куп.
Со последната победа на финалето од Светскиот Куп во Crans Montana во 1998г оствари рекорд со што стана првиот машки скијач со освоена најмалку една трка годишно во 11 сезони за ред.
Иако последниот настап кој му беше на Зимската Олимпијада во Nagano во 1998 го заврши со редок неуспех , па откако ги следеше наредните две олимпијади само како гледач , заклучи дека прерано ја завршил кариерата.
“Кога ја гледав Олимпијадата во Salt Lake City 2002 и после тоа Торино 2006 си реков ох, прерано завршив со скијањето, бев премлад со 31 година” изјави Томба во еден наврат после пред неколку години во интевју за CNN.
За дебатирање е дали можеби Томба подоцна ќе додадеше уште неколку победи но како ќе се навратиме несомнено е тоа дека остави трага на спортот и предизвика воодушевување од фановите ширум светот. Неговиот жесток стил на падините беше пропратен со репутација и за брз ритам на живот надвор од снежните писти, но Томба инсистира дека таа била претерана фама “Не не , само половината е вистина! Другото беше измислено само заради пресот и заради шоу, а и да ме испровоцираат исто така!”
Сегашната ѕвезда од Светскиот Куп Didier Cuche исто така верува дека Томба прилично паметно го одржа имиџот но остана сериозен натпреварувал во суштина.
Слушам дека си легнувал многу рано но потоа станувал во 2 часот наутро, па ќе искочел еден час и пак ќе си легнел…со тоа малку си играше” рече Швеѓанецот во еден наврат за ЦНН. Долгорочната кариера на Томба е доказ дека неговите способности како и тешката работа што ја вложи како да се видоа уште во 1987 година кога ја освои првата победа од Светскиот Куп во 1987 година кога го победи неговиот идол Ingemar Stenmark од Шведска.
На крајот тој остана познат по своите решавачки втори трки, често надминувајќи поголеми заостанувања за да прелета на прво место.