ЈП Стрежево се спрема за систем за вештачко заснежување. Јавното претпријатие подготвува јавна набавка на проектно – техничката документација за реализација на проектот ,,Заснежување на ски патеките со топови за снег “, а доколку добиеме и помош од Владата спремни се да го реализираме и проектот уште оваа година.
Дополнително Стрежево ќе гради помошен објект изграден од челик и стакло каде што сите посетители би уживале во потопла и удобна варијанта на кафе, чај, топол оброк во рамките на центарот. Планирана вредност на инвестицијата е 1 500 000 денари.
Изминатиов период skimacedonia заедно со ЈП Стрежево го реализиравме проектот за обезбедување на соодветен видео пренос во живо , како и тековни метеоролошки податоци директно од Пелистер.
Камерите и временските услови следете ги овде