Копаоник и Боровец ќе работат до 18 април

Вести

фото 12.04.21 InfoKop

Скијачката сезона во сoседна Србија , односно на Копаоник и во Златибор ќе трае до 18 април.

Во Србија, на Копаоник до крајот на сезоната има попуст од 30 % на ски картите, а веб-продавницата е активна за оние кои сакаат да искористат дополнителен попуст од 5% проценти и да купат ски карта без контакт.

Бугарскиот ски центар Боровец исто така ќе работи до викендов, 18 април. Ски центарот Банско веќе ги стопираше лифтовите минатиот викенд на 11ти април.

Кај нас во Македонија функционира уште ски центарот Маврово. На Бистра,на Галички и Белички лифт, има пролетни услови за скијање , а во прифатлива пролетна кондиција до 12 часот се и стазите под Едносед и Двосед.

Ски центарот Попова Шапка ги стопираше лифтовите изминатиов викенд на 11 април.

Претходен написи
Зошто скијачите насекаде ги напуштаат центрите и качуваат низбрдо
Следен напис
Нула емисии јаглерод за 100% од искачувањето