Стоилко Стоицев по втор пат најуспешен спортист на Град Скопје

Вести

Традиционално и годинава Градот Скопје и Сојузот на спортови на Скопје ги наградуваат најдобрите спортисти на Скопје за 2021 година, односно се избираат најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени), најуспешни 10 спортисти во младинска категорија (мажи и жени), најуспешен тренер, најуспешен спортист/ка – странец кој настапува во екипа од Скопје, најуспешен спортист/ка во категоријата на лица со попреченост и категорија перспективен млад спортист – кадет.

Нашиот пријател, еден од поистакнатите планинари кај нас, Стоилко Стоицев, по втор пат беше избран за најуспешен спортист на Град Скопје, во категоријата лице со хендикеп.

На свеченоста се обрати градоначалничката на  Град Скопје, Данела Арсовска, која им додели и дел од признанијата за најдобрите спортисти за 2021 година. Таа порача дека скопските спортисти во иднина  ќе добиваат голема поддршка од Градот.

– Во оваа година којашто беше тешка за сите нас имавме можност да се израдуваме на спортските успеси. Спортот најдобро го промовира и Градот Скопје и Република Македонија и затоа треба континуирано да се поддржува. Тоа Градот и досега го правел, а ќе го прави поинтензивно и во иднина. Од името на Градот Скопје, од името на советниците и од мое лично име сакам да ви ги честитам успесите. Се надевам дека ќе не радувате уште многу години – изјави Арсовска.

Претходен написи
Советот на Битола додели сретства за обнова на Копанки
Следен напис
Натпревари на репрезентативците во алпско скијање