Стоицев Стоилко: Ништо не го спречува во неговите достигнувања

Вести

Стоицев Стоилко, години наназад неговата попреченост не го спречува во освојување на светските високи планински врвови. По професија дипломиран машински инжењер иако е активен учесник на многу балкански маратони сепак неговата најголема пасија се освојувањето на високите врвови.

Со големи тешкотии, бидејќи има оштетен вид од 98% што го става во категоријата на слепи лица, Стоилко или попознат помеѓу планинарите како Столе во својот планинарски дневник запиша големи достигнувања искачујвајќи стотици врвови во нашата држава, на Балканот, највисоките врвови во светот кои реално се сон на секој планинар.

Кога го прашавме Столе кои се тие врвови со кои посебно се гордее, тој ни ги наброја следниве во еден здив:

Марамолада 3343 м.н.в.
Пикет 3700 м.н.в.
Глосглокнер 3798 м.н.в.
Гран Парадизо 4016 м.н.в.
Брајтхорн 4163 м.н.в.
Мон Блан 4810 м.н.в.
Елбрус 5642 м.н.в. (највисок во Европа)
Мт.Бонеа 5077 м.н.в.
Аконкагва 6962 м.н.в. (највисок во Јужна Америка)
Арарат 5131 м.н.в.

“Следниот подвиг кој што сакам да го направaм е искачувањето на највисокиот врв во Африка Килиманџаро 5895 м.н.в. на 21.февруари 2021-ва година во организација на планинарскиот клуб ПК Предејане, а со тоа да ја дополнам листата “7 Врвови” (Seven Summit) и како лице со хендикеп да станам само вториот човек што успеал да ги искачи седумте највисоки врва на седумте континент. Она што дополнително сакам да го порачам на сите е дека секој може да го постигне она што го замислил и го сака без оглед на неговата состојба” – вели Столе.

За да ги оствари своите соништа, а воедно и да се афирмира нашата држава во вакви високи спортски достигнувања, особено кога се работи за лицата со посебни потреби, на Столе му е потребна финансиска поддршка. За таа цел упатуваме апел до сите компании и институции кои се во можност да излезат во пресрет и да го поддржат овој подвиг со кој Столе ќе се запише како второ лице во светот, а прво од нашата држава, кое со оштетен вид ги освоил највисоките врвови на седумте контитненти. За сите детали поврзани со овој подвиг можете да го контактирате Столе на 071/374 -959 или пак донациите да ги уплаќате на неговата Трансакциска сметка: 530 – 5000213771 – 08 ОХРИДСКА БАНКА.

Hybrid.mk

Претходен написи
Пакистан: Трагедија, хеликоптери извидуваа за трите исчезнати планинари на К2
Следен напис
Непалскиот тим заедно на врвот К2