На 10-ти јуни 2023, сабота, со почеток во 9:00 часот ќе започне традиционалната велосипедска тура Пехчево на точак, чија основа цел е промоција на планински велосипедизам и запознавање и уживање во прекрасните најисточни предели на Македонија
Стартна позиција на велосипедската тура е во центарот на Пехчево, на надморска височина од 1.000 метри, а целна точка ќе биде врвот Ченгино Kале кој е една од најисточните точки во Македонија, на надморска височина од 1.760 метри. Висинската разлика помеѓу помеѓу стратна и целна точка е околу 760 метри.
Оваа година патеката на движење е во целосна должина од околу 47 километри, од кои околу 65% односно околу 30 километри се оф-роад (offroad). Се вози групно, со попатни паузи и подолг одмор на врвот, а на враќање ќе се посетат и познатите Пехчевски водопади.
Турата е класифицирана како средно тешка, и потребна е претходна физичка подготвеност за да се стигне до целта. За сите почетници, треба да бидат спремни и на физички, но и на психички предизвикувачка тура.
Секој учесник треба да поседува велосипед за планински тури и велосипедска опрема – задолжително кацига, резервна гума, облека за планински услови, по можност и кабаница поради променливо планинско време.
Турата е цело време придружувана од соодветни лица и моторно возило за техничка и медицинска поддршка во планински услови.
Од страна на организаторот се обезбедени енергетски барови и вода за секој учесник.
За учество на турата не е потребна котизација.
Сите заинтересирани за повеќе информации и пријавување може да се обратат кај организаторот Александар Бојчевски