Лавина вчера однесе седум лица во популарниот ски-центар Мала Мојстровка во Словенија. Сите ја преживеаја страшната несреќа, но некои се во тешка состојба. Во спасувањето на луѓето активиран е и хеликоптер, но акцијата е забавена поради маглата.
Оперативно-комуникацискиот центар на Полициската управа (ПУ) Нова Горица денеска во 9 часот и 39 минути бил известен за несреќата на планината. Седум лица кои ја преживеаја несреќата, но беа повредени, лавината ги однесе на Мала Мојстровка, изјави Декан Божник, портпаролот на Полициската управа на Нова Горица, пренесува Н1 Словенија.
Според полицијата, група од седум лица по првата добиена информација се упатила кон Мала Мојстровка по сртот на Жупанчич. Кога излегле надвор од гребенот, ги однела лавина долга околу стотина метри. Притоа, сите лица се здобиле со телесни повреди, меѓу кои неколку лица се тешко повредени.
Воедно додаваат дека временските услови се многу лоши, бидејќи видливоста е отежната од маглата, а спасувањето на луѓето е многу напорно и одзема многу време.
Во акцијата за спасување учествуваат планински спасувачи од планинската спасувачка служба Бовец и Карниола, претставници на полициската станица Бовец и полициски хеликоптер.