Во рамките на проектот „NATURKOSOVO – the natural and cultural capital in Kosovo and the sustainable tourist development of the Via Dinarica”, финансиран од италијанската агенција за развојна соработка, во соработка со италијанската амбасада во Приштина, техничка поддршка од UTALAYA Foundation и други невладини организации од Косово и Италија, ФПСМ започна со обука за планинарски водичи во Косово.
На обуката учествуваат кандидати од Приштина, Дечани, Призрен, Сува Река, Ѓаковица, Косово Поле, Обилиќ, Пеќ.
На 07.08.2022 беше одржан приемниот испит на Гермија, планина над Приштина, на која кандидатите со голем ентузијазам го покажаа своето познавање на ориентација со компас и мапа, ГПС уреди и ГПС мобилни апликации, движење во група, давање прва помош, користење планинарска опрема, јазли…
До почетокот на практичната обука во октомври 2022, следуваат бројни активности: основна школа со онлајн предавања и предавања во живо, бројни задачи од ориентација со мапа и со мобилни апликации.
ФПСМ, Комисијата за планинарски водичи и Советот на инструктори при КПВ, го вложуваат своето знаење за развој на безбедното планинарење во регионот.